Изложбата „Мостови“ во петок во градската уметничка галерија

Сподели со своите пријатели

Изложбата на авторот Стефан Јакимовски под насловот „Мостови“ во петок со почеток во 19:30 часот ќе биде отворена во Уметничката галерија во Куманово, каде граѓаните ќе имаат можност да разгледаат 25 цртежи и графики..

 Стефан Јакимовски завршил Факултетот за ликовни уметности Ф.Л.У-Скопје- Уневерзитет Кирил и Методиј, на графичкиот (насока графички дизајн) оддел во класата на проф. м-р Димитар Малиданов, кај истиот професор завршува и постдипломски студии во 2008 година на тема Мултимедијален пристап во графиката (Графичкиот израз и мултимедијалното дизајнирање и проткајување на ликовните медиуми) .

Активен член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, Друштвото на ликовни уметници на КумановоФото кино клуб “Козјак”, извесен период работи како наставник по ликовно образование во ООУ „Крсте Петков Мисирков”. Работел како помлад уметнички соработник на Факултетот за дизајн и мултимедија, на првиот приватен уневерзитет ФОН, каде работи како доцент на истиот факултет .Во 2015 е избран во звање вондреден професор.