Изложба на постери и фотографии „На маргините на скопскиот регион“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во организација на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток од 19:30 часот ќе се реализира изложба на сакралните објекти и рурална архитектура на маргините на скопскиот регион.

Loading...

Автор на изложбата е м-р Дарко Николовски, историчар на уметноста, вработен во Националниот Конзерваторски Центар.

Изложбата е составена од триесеттина експонати во вид на каширана фотографија и постери.

За самиот проект авторот на изложбата Дарко Николовски ќе запише:

„Богатото културно наследство – црквите и манастири, потоа народното градителство првенствено експонирано во позначајните објекти репрезенти на старата рурална архитектура и покрај видно нарушената состојба сведочат за автентичноста и континуитетот на македонската градителска и  зографска традиција. Во оваа прилика направен е избор од големиот број споменични добра во скопскиот регион нo пред се на оние за кои сме на мислење дека се оставени на маргините каде полека но сигурно одат во заборав од луѓето и времето.

Во ова прилика нашиот интерес е насочен кон дел од спомениците од поствизантискиот  период кои покрај монументалните споменици од средновековието (Манастирот Св. Пантелејмон во с. Нерези, манастирот Андреаш на Матка, Марков манастир, Никита, Св. Спас во Кучевиште и др.) ја пополнуваат сликата за непрекинатиот сакрален живот во скопската епархија. Скопје, опкружено со бројни села од сите четири страни, по самите меѓи на скопската епархија, во текот на поствизантискиот период се граделе или обновувале мали пo димензии храмови за потребите на локалното население. Главната градителска и творечка активност се забележува претежно во периодот на XV-XVII век. Позначајни примери следиме во селата во северниот регион, во пазувите на Скопска Црна Гора ( Свети Илија Горни, Св. Бањани; Св. Благовештение во Горен Забел, с. Горњани; Св. Никола  во Љубанци; Св. Ѓорѓи во с. Бањани; Св. Петка во с. Побужје; црквите Св. Ѓорѓи и Св. Никола во с. Радишани), потоа во јужните и југоисточните предели, во областа Каршијак, позади планината Водно ( Св. Спас во Добри Дол, Св. Mина во с. Јаболци, Св. Hикола во с. Говрлево), во источниот регион во областа Скопска Блатија ( Св. Горѓи Победоносец во с. Блаце, Св. Huкола во с. Кокле, Св. Никола во с. Градовце, Успение Богородичино во с. Дивље) и во Кањонот на Матка ( Св. Андреј на Матка, Шишевски манастир – Свети Илија, црквата Св. Богородица манастирот Матка, Св. Атапасие во с. Шишсво).

Loading...

Руралната архитектура, за разлика од сакралното наследство за што можеби недоволно или недоветно но сепак се води грижа, е во многу девастирана состојба. Руралната архитектура е во континуиран процес на уништување, онаму каде планинските села се трајно напуштени па дури и таму каде селата се сеуште живи н полни со луѓе ( Скопска Црна Гора ). Имателите, несвесни за значајот на ова автентично народно творештво, се одлучуваат да градат нови современи зданија покрај старите докапани огништа кои се оставени на забот на времето и човечка негрижа ( Говрлсво, Јаболци, Градовце, Кожле Чучер, Горњани, Љубанци итн.).

Како и претходната наша изложба, со слична тематика но со примери од друг регион на Максдонија, “Сакралните објекти и рурална архитектура од Велешкиот регион“ (Велес, Чашка и Градско) и во оваа прилика се занимаваме со истата болна тематика, која е за жал симптоматична, без исклучок, за целата територија на Македонија – негрижата за културното и руралното наследство кое буквално исчезнува пред нашите очи.

Изложбата е поттикната од намерата за подигањето на свеста за поголема грижа кон планинските села се трајно напуштени па дури и таму каде селата се сеуште живи н полни со луѓе ( Скопска Црна Гора ). Имателите, несвесни за значајот на ова автентично народно творештво, се одлучуваат да градат нови современи зданија покрај старите докапани огништа кои се оставени на забот на времето и човечка негрижа ( Говрлсво, Јаболци, Градовце, Кожле Чучер, Горњани, Љубанци итн.).

Егзодус на културното и руралното наследство во Македонија, кој незапирливо се одвива со процесот на се по масовната и неповратна миграција на селското население кон поголемите градови резултира со напуштени села што е случај и со скопскиот регион. Околните планински села на маргините на скопската околија се посебно на удар на негрижата н забот на времето. Богатото споменично и рурално наследство кое е евидентирано од стручните служби, а неговата вредност е истакната во повеќе наврати од страна на експертската јавност, изгледа дека не е доволно за една посеопфатна и организирана грижа од страна на сите инволвирани страни во овој случај а тоа се пред се најодговорните и директно инволвираните субјекти (недоволниот ангажман на државните институции и незаинтересираноста на имателот МПЦ од друга страна). Добронамерните активности, иницирани од страна на црковните одбори кон сопственото споменично наследство, преземени на своја рака повеќе ја имаат истата разурнувачка сила која автентичното наследство со неукост и нестручност го претвора во современо здание без никакви вредности.

Претстои, можеби последната битка за зачувувањето на културното и руралното наследство во овие изолирани и напуштени планински села на маргините од општеството, кога сеуште има простор за делување со подигање на свеста кај сите инволвирани страни за она што неповратно се губи и со организирана државна субвенција кон имателите да се овозможи заживување и реставрирање на овие културно-природни резервати во насока на одржлив развој (природен, културен н верски туризам и сл.)  

Изложбата  ќе биде поставена до 25.12.2019 г.

Leave a Reply