Изложба на Љубе Алексовски во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток со почеток во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Големата мајка “ од авторот Љубе Алексовски.

Loading...

Се работи за неколку колажи, цртежи и слики работени во техниката акрил на медијапан.

Љубе Алексовски e роден 1953 во Куманово, живее во Скопје и e прв дипломиран ликовен педагог во Струга при СОУ „Нико Нестор” и СОУ „Др. Ибраим Темо”. Работи во сите техники и стилови,  организатор е на повеќе ликовни работилници, ликовни колонии, радио и ТВ емисии ширум републикава. Менаџер на ЗУМ ’93/2002 – Љубеизам, учесник во повеќе ликовни проекти, групни и самостојни изложби.

 

 

Љубе Алексовски  дипломира на Педагошка академија, (Ликовна насока) во Скопје, a подоцна и на Факултет за ликовни уметности ( Педагошка насока) во Скопје. По      своето дипломирање реализирал повеќе самостојни проекти а видлива активност остварил во полето на sидното сликарство. Во периодот од 1985 до 2009 година слика на 7000 м мурали во al seco техника: Скопје, Куманово, Дојран, Охрид и Струга.

Посебно е значаен неговиот опус на ѕидни мурали во охридско и струшко каде изведува повеќе циклуси, инспирирани од поднебјето и традицијата како и одредени рефлексии од современите збиднувања.

Loading...

 

 

Изложбата “Големата мајка“ има колажен и концептуален формат, ги одразува разнородните релации помеѓу авторот и неговата перцепција на актуелната стварност во повеќе сфери на нашето егзистирање како единки, нивните контроверзии, парадокси, на утопиското, баналното, преку разнородни сегменти што будат љубопитност со својата неочекувана динамика, ритмика, контроверзна трансформација, повеќекратна преобразба како и многуслојна метафоричност што ја носат многубројните колажирани елементи.

Изложбата ќе биде отворена до 30 март 2021.

Интегрално соопштение: НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово

Leave a Reply