Изложба и промоција на фото албум со фотографии од старо и ново Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановци имаа можност да ја проследат изложбата на фотографии  и промоцијата на фото албумот со разгледници со кои се документира старо и ново Куманово изработени во рамки на проектот  #Култура за Куманово #Куманово за Култура.

Loading...

Целта на изложбата, посочија од здружението„АктивУм“ е афирмација на локалната култура, традиција, но и урбаното живеење и секојдневие во Куманово низ објективот на фотографите.

Љубителите на уметноста можеа да видат 20 фотографии кои го прикажуваат Куманово од поинаков објектив, преку улична фотографија. Фотографиите се дел од проектот и конкурсот кој беше реализиран во рамки на проектот на кој се пријавија 181 фотографија од фотографи од државата и надвор од неа. Стручното жири составено од  професионални фотографи направи избор од 20 фотографии, меѓу нив и трите прогласени за најдобри кои парично беа наградени.

Loading...

На изложбата беше промовиран и Фото албум со разгледници од најдобрите дваесет фографии кој придонесува за културна промоција на градот Куманово во земјата и надвор од неа и претставува запис за сите нас и за генерациите кои доаѓаат, велат од здружението.

-Кога ќе ве поканат да отворите прекрасна изложба на фотографии од старо и ново Куманово, создадена од уметничкото око на фотографите во кои се врамила нашата носталгична меморија, ” виновници” се креативците од Граѓанскиот центар АктивУм, а задоволството е заедничко- рече претседателката на советот, Атина Мургашанска на отварањето на изложбата.

Општина Куманово  не само најголема општина во Македонија, туку и општина со најхетерогена популација која вкрстува различни етнички, верски и културни обележја. Низ историјата Куманово било крстопат на движење и населување на различни народи и националности кои оставиле свој траг во неговото културното наследство. Годинава градот Куманово слави 500 години постоење и воедно е Град на Културата. Преку организирањето на изложбата и изработката на Фото албумот со разгледници од старо и ново Куманово, Граѓанскиот центар АктивУм дава свој придонес во одбележувањето на јубилејот на градот Куманово- соопштија надлежните од здружението.

Loading...

Изложбата ќе биде отворена до  10 јануари наредната година.

Leave a Reply