Изложба „Фемиграции“ – уметност за правата на бегалците

Сподели со своите пријатели

Во Салонот на Уметничката галерија при НУ Музеј-Куманово, утре, со почеток во 19:30 часот, ќе се отвори изложбата “ Фемиграции “ – уметност за правата на бегалците, во организација на Македонското здружение на млади правници од Скопје и УСАИД.

Loading...

Изложбата која е составена од 21 ликовно дело и видео-арт презентации, изработени од жени уметнички за жените бегалки, го разоткрива големит наратив на бегалските кризи, за жената бегалка која храбро мигрира на друго место во потрага по услови за подобар живот.

Продукцијата нуди еден интересен, ликовно – концептуален аспект, организиран во 21 кутија (објект), кој говори како секоја од авторките различно, на свој начин, го третира феноменот за човековите права, за правата на бегалците, во прв ред правата на жените бегалки. Се покануваат сите љубители на уметноста да присустуваат на манифестацијата.

Leave a Reply