Излезе првиот сингл на Давид Темелков – ”Ти си моја улица” (видео)

Сподели со своите пријатели

Македонскиот натпреварувач на регионалното шоу ”Икс Фактор” за 2015 година, Давид Темелков, вчера го промовираше својот прв сингл ”Ти си моја улица”, на српски јазик. Давид се бореше за пласман речиси до финалето кога публиката и жирито одлучи, трката понатаму да ја продолжи Боби Мојсовски од Охрид, кој на последното издание на ”Икс Фактор” заврши како второпласиран.

Loading...

Синглот наскоро ќе добие и македонска верзија на текстот, кој за Темелков го напиша Огнен Неделковски.

Музиката е на Григор Копров, додека аранжманот е дело на Владимир Дојчиновски.

Песната ”Ти си моја улица” е снимена во студиото ”Блу” на Александар Стаматовски.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.