Изгубениот свет во кој дожд паѓа секој ден (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Планината Рораима се наоѓа на томеѓето помеѓу Венецуела, Бразил и Гвајана, и е највисокиот де од ланецот тепуиски висорамнини во Јужна Америка.

Пијан водич ги заборавил туристите во планина

Loading...

Највисокиот врв – Маверик Рок се издига на 2.810 метри надморска височина. Планината лежи на гравитацискиот штит, се наоѓа во националниот парк Канаима, а се верува дека е една од најстарите геолоки формации на Земјатаа односно дека има околу две милијарди години.

https://www.instagram.com/p/Bevf4nIheG0/?utm_source=ig_embed

Иако за Рораими пишувал уште англискиот истрачуваш сер Волтер Ралеј кон крајот на 16. век, таа тогаш не била доволно истражена.

За неа се зборува во бројни митови и легенти, а игра и голема улога во спиритуалниот живот на индијанското племе Пемон.

Исто така, пред десетина години започнало истражувањето на необичните сталактитни израстоци на ѕидовите во нејзините таинствени пештери.

На Рораима дождот паѓа скоро секој ден, поради што станала дом за неколку интересни растителни и животински видови.

https://www.instagram.com/p/Beu55WMjnU9/?utm_source=ig_embed

Во ниската вегетација може да се пронајде растението месојадец „Heliamphora“, деликатни ѕвончиња, како и заштитениот ендемски вид на крастава жаба.

Се верува дека токму овие планини и нејзините спектакуларни опкружувања биле инспирација и за популарната научно-фантастична приказна „Изгубениот свет“ за диносаорусите кои Артур Конан Дојл и објавил во 1912 година.

https://www.instagram.com/p/Bev1_EcnFeS/?utm_source=ig_embed

Оваа планина денеска е омилена дестинација за планинарите ентузијасти. Иако патот до платото е добро означен, лесно можете да се загубите по нејзините бројни стази кои се обвиени со темни облаци.

Токму затоа на сите кои планираат да се искачат на Рораима им се советува да земаат локални водичи од Параитепуи.