29.07.2015 20:00

Изгореното лице на саканата не беше пречка да ја побара за жена (фото)


Мајкл Хоскин и Туриа Пит се запознале во основно училиште. Врската ја започнале во 2009 година, а две години подоцна, таа доживела страотна несреќа.

Во текот на одржување на ултрамартон, дошло до пожар во шумата низ која трчала несреќаната Туриа, по што се здобила со изгореници на 65 проценти од нејзиното тело.

loading...

По несреќата, таа останала без два прста од десната рака, а во болница поминала цели шест месеци.

turia-michael-2

Во меѓувреме, нејзиното момче се откажал од кариерата да стане полицаец, како би се грижел за неа, а од неодмана, парот објавил и венчавка, пишува Daily Mail.

”И купив дијамантски прстен додека таа беше на интензивна нега, уште пред четири години. Не сакам да ме сожалуваат луѓето, бидејќи ние само сакаме да продолжиме со нашите живот, вели Мајкл.

turia-michael-3

За љубовта на својот живот вели дека има неверојатна енергија.

”Таа сака да поминува време надвор, и двајцата сакаме океан, па така и го поминуваме нашето време”, додава тој.

turia-michael-4

loading...

Туриа е прилично возбудена за својата венчавка, бидејќи додека била во болница, често му зборувала на Мајкл дека причината за нејзиното закрепнување е љубовта кон него, и дека поради тоа, таа е најсреќната девојка на светот.

”Преубаво е да имаш таков човек во животот. Тој го разбуди она што е најдобро во мене и се радувам што остатокот од животот ќе го поминам со него, вели таа.

turia-michael-5

По несреќата, Турин продолжила да се занимава со трчање, велосипедизам и останати спортови, а почнала и да се занимава со хуманитарна работа, по што собрала илјадници долари за хумантирани цели, пренесува Daily Mail.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments