Изгоре шума од 60 хектари во општина Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Територијалната противпожарна екипа на Куманово во текот на вчерашниот ден преку ден бележи две  интервеции, и тоа два  пожара  во  атарот на локалитет Аџитепе на запалена  сува  трева во периодот  од 09,40-10,35ч. Во гаснење на пожарот учествувале со  едно ПП возило и тројца  пожарникари. Предизвиканата штета и причината за пожарот се непознати.

Loading...

Втората  интервенција  е регистрирана во  атарот  на м.в Краста – стрелиште на  опожарена  сува  трева  во  периодот  од 12,55-14,15ч.

Во гаснење на пожарот е учествувано со едно ПП  возило и четворица  пожарникари.

ТППЕ Старо  Нагоричане бележи една интервенција во 14,30ч, откако бил пријавен активен  пожар  во  с.  Осиче на  границата  со  општината  Ранковце – с.  Гулинци.

Активниот  пожар  е  ликвидиран  во  20,40ч, при што е учествувано со  едно  возило  камион цистерна  од  2  тона , четворица пожарникари и  двајца пожарникари доброволци од  Старо  Нагоричане. Во  пожарот  било  зафатено  нискостеблеста шума и сува  трева во  површина  од околу 60 хектари.

Причина  и  материјална  штета е непозната.

Заради настанатиот пожар, без  електрична  енергија останале селото  Кокино, Арбанашко, Жегљане, Дејловце, Осиче, Цветишница, Буковљане и Рамно.

 

Loading...