Изгоре дел од куќа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дел од куќа на улицата „Пионерска“ во Куманово ноќва била опожарена, откако од засега непознати причини избувнал пожар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

На терен веднаш излегле четворица пожарникари со едно противпожарно возило и тоа во 00:30 часот, а интервенцијата ја завршиле во 02:15 часот.

Причинета била материјална штета чија вредност засега е непозната.