Изгоре дел од кровната конструкција на градинка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Како што јавува СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден во периодот од 13,05 до 16,05 часот на ул.„ЈНА“ бб во градинката „Ангел Шајче“ настанал пожар, при што бил зафатен дел од кровната конструкција.

Имено, пожарот настанал на дел од кровната конструкција кој бил во допир со метален дел од оџакот за издувни гасови од парниот котел во објект на котларата во градинката.

Пожарот е изгаснат од страна на ТППЕ-Куманово.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово, а висината на материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.

СВР-Куманово превзема мерки за целосно расчистување на случајот.