Изгледаат страшно и смрдат: Еве како да се ослободите од овие инсекти

Сподели со своите пријатели

Почнувајќи од пролет па се до почетокот на зимата, смрдливите бубачки ги опкружуваат нашите домови, а тие се особено активни во септември и октомври. Бидејќи не им се допаѓа студот, тие ја бараат и најмалата дупка за да влезат во топол стан или куќа.

Loading...

Еден од првите чекори што треба да ги преземете е да ставите мрежи на вратите и прозорците што ги отворате најчесто.Нив ги привлекува светлината, затоа пред се ви препорачуваме да ги исклучите светлата на терасата за да не ги привлечете.

 

 

Најдобар “лек” за овие инсекти е, се разбира, сода бикарбона, докажан лек за многу заболувања, и во домаќинството и за здравјето.

Еве како од сода бикарбона да направите средство против овие инсекти:

Измешајте една лажичка сода бикарбона во  чаша вода, добро проматете за да се стопи правот, а потоа испрскајте ги рабовите на прозорците и делови од куќата каде што мислите дека може да се најдат  бубачки.

Loading...

Ако сакате уште посилен резултат, можете само да посипете сода бикарбона директно на прозорецот или на места кои што се ризични за вас и претставуваат потенцијален влез за бубачки.