Skip to content

Изгласан законот за амнестија: 670 затвореници на слобода, над 3.000 со намалена казна

Сподели со своите пријатели

Собранието на денешната седница со 58 гласа „за“, еден „воздржан“ и нути еден „против“ го усвои Законот за амнестија.

Како што пишува агенцијата Мета, Со Законот околу 670 лица ќе бидат целосно ослободени од издржување на затворска казна, додека на 3.097 ќе им биде намалена казната за 30 отсто.

На овој начин, според Владата, која е предлагач на Законот, ќе се заштедат буџетски средства кои би се искористиле за подобрување на условите во казнено поправните домови.

Според предложениот текст, амнестија не е предвидена за осудените за убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, за силување, педофилија, посредување во вршење проституција, потоа за кривични дела против државата, за злосторничко здружување, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право.

Законот ќе ги опфати и осудените лица кои до денот на влегувањето во сила законот не почнале со издржување на затворската казна, а имаат конечна и правосилна пресуда.

Извор: Мета.мк

Loading...

 

Услови за преземање содржини

Надворешните линкови преку маркетинг платформата MGID се одговорност на самиот огласувач, и порталот Кумановски Муабети не сноси никаква одговорност за пласираните информации.