Изгаснат пожарот во Павлешенце, Градиште и Габреш

Сподели со своите пријатели

Пожарот во кумановските села Павлешенце, Градиште и Габреш кој гореше од сабота, вчера конечно е изгаснат.

Loading...

Опожарена е голема површина сува трева, нискостеблеста деградирана дабова шума.

Пожарот бил изгаснат околу 08:45 часот наутро, но во текот на денот била контролаирана ситуацијата и конечно ликвидирање било направено во 16:15 часот, велат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во гаснењето очествуваа повеќе пожарникари од Куманово и Свети Николе, вработени во Шумско стопанство Куманово, како и канадерите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Кумановските пожарникари интервенции бележат и во селото Романовце, како и локалитетот Серава каде вчера горела сува трева.

Leave a Reply