Изел 30.000 хамбургери, ја чува секоја сметка за нив (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Доналд Горски овој петок го изеде својот 30.000 хамбургер, во истиот ресторан каде во далечнат а1972. година прв пат го пробал овој производ.

– Во тоа време тоа беше единственото такво место во градот, а штотуку положив возачки испит, рекол Горски, непосредно пред поставувањето на новиот светски рекорд за најмногу изедени хамбурегери, пренесува CBS8.com.

Популарниот ланец за брза храна го прославил овој момент на големиот хамбурегер ентузијаст, а на настанот во градот Фонд Ду Лак во Висконсин присуствувал и соптвеникот на ресторанот кој бил воодушевен од делото на Горски.

Вегетаријанците најпосле ќе може да уживаат во плескавица (видео)

Loading...

Овој петок обожавателот на хамбургери одржа получасовно излагање пред луѓето кои се насобрале да видат како го зема својот 30.000 сендвич. Хабургерот бил составен од две парчиња говедско, салата, сос, сирење, кисели краставчиња, лук и печиво со семенки.

Тој ја покажал и својата архива со сметки и омотки од сендвичи кои ги чувал сите овие години. Но, иако успеал да сочува поголем дел од доказите, сепак му недостасуваат околу 7.000 картони од хамбургер оштетени во торнадото до 2 јуни 1990. година кој го уништил подрумот на неговата куќа.

Leave a Reply