Избрани нови директори на Гимназијата „Гоце Делчев“ и ОСТУ „Наце Буѓони“

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска ја назначи Марија Тодоровска за нов в.д. директор на кумановската гимназија “Гоце Делчев“, по разгледување на мислењата на вработените од самата институција.

Тодоровска е дипломиран музиколог и како наставник по музика во гимназијата работи од 1991 година, а од април 2017 ја извршуваше функцијата помошник директор. На оваа функција доаѓа откако досегашната директорка Соња Тодоровска стана дел од Советот на Општина Куманово.

Нов в.д. директор на ОСТУ “Наце Буѓони“ е Драган Јаневски – дипломиран електро инжинер и наставник во училиштето од 1997 година. Од 2008 година до денес ја извршуваше функцијата заменик директор, а доаѓа на местото на Лидија Михајловска.