Избеган домашен миленик го крена Њујорк на нозе (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Скоро два метри долга боа констриктор, чие исчезнување предизвика тревога во гратчето Бингамтон, држава Њујокр, пронајдена е во кујната на сопственикот – под мијалникот.

Сопственикот на егзотичниот домашен миленик, кон почетокот на неделата, ги предупредил граѓаните на округот Брум дека неговата боа, по име Бела, избегала од терариумот и дека последен пат е видена во близина на средно училиште.

Локалните власти по тој повод во вторник издале соопштение граѓаните да бидат внимателни и ако наидат на змијата, да ги тргнат подалеку малите деца и животни.

Боа се обидела да вечера бодликаво прасе па завршила несреќно

Loading...

Во среда, сопственикот на змијата ги известил локалните медиуми дека Бела е пронајдена, дека е неповредена и дека највертојано и не го напуштила станот.

Црвеноопашката боа констриктор, чие природно средиште се тропските краеви околу Америка, се храни со мали цицачи, кои бидејќи не е отровна, ги убива со притисок. Во заробеништво обично не се агресивни.

Leave a Reply