Ивона Јовановиќ и Евгенија Чанчалова во финале на ”Макфест 2015”

Сподели со своите пријатели

На второто полуфинале од јубилејно триесетто издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест, од вкупно 15 композиции кои без изведени на сцената во придружба на ревискиот оркестар на МРТВ, само девет се пласираа во финалето, а за тоа одлучуваше стручно жири, чии гласови изнесуваа 70% од вкупните поени, како и телефонското гласање на публиката, која учествуваше со 30%.

Loading...

Бојана Атанасовска, Зоран Илиев, Панче Илиев и Илија Кикиритков, Ивона Јовановиќ и Рафинерија, Горан Наумовски,  Александра Андонова,  Наде Талевска, Наташа Малинкова и Дарко Илиевски се пејачите кои ја освоија публиката и жириот и тие обезбедија настап на финалната вечер која ќе се одржи вечерва.

Тие, заедно со оние кои на првата полуфинална вечер се пласираа за финалето: Маја Вукичевиќ, Игор Митровиќ, Евгенија Чанчалова, Јоце Панов и Зуица Лазова, Ѓоко Таневски, Александра Кукушев, Верица Пандиловска, Виктор Апостоловски и Огнен Здравковски, настапуваат вечерва во големото финале на „Макфест 2015“.