Ивановска: Во следните четири години продолжуваме со подобрување на инфраструктурата и комуналните дејности во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за советник во идниот Совет на општина Куманово Цветанка Ивановска, на денешната прес-конференција информираше за проектите кои ќе бидат имплементирани по победата на 31-ви октомври, кои се однесуваат на подобрување на инфраструктурата во општината, во делот на комуналните
дејности.

Loading...

Во прилог, Ви го пренесуваме нејзиното обраќање во целост:

На 17-ти октомври граѓаните се изјаснија дека сакаат напредокот и развојот да продолжат во Куманово. Граѓаните ја испратија пораката дека вложувањето во сите сфери во Куманово мора да продолжи.

За 4 години направени се позитивни промени во нашата општина. Во областа на инфраструктурата, реализирани се повеќе од 200 проекти. На 31-ви
октомври, дадете ни ја довербата да продолжиме со вредното и одговорно работење.

Во делот на инфраструктурата, за комуналните дејности имаме за цел на направиме модернизација и проширување на урбаното водоснабдување, фекална и атмосферска канализација, со што ќе се намали бројот на дефекти, интервенции на терен и загуба на вода, а ќе се обезбеди чиста и квалитетна вода за пиење, како елементарна потреба на секој поединец.

Покрај ова, во проектите за комунални дејности предвидуваме:

– Реконструкција на водоводна мрежа на улица “11 Ноември” до населба Бедиње.

– Изградба на водоводна мрежа и фекална канализација на “Јоско Илиевски” покрај градскиот парк до стадион Башкими.

Loading...

– Изградба на фекална канализација со мини прочистителна станица на локалитет Бејтови ниви.

– Изградба на фекална канализација во населба Иго Тричковиќ.

– Реконструкција на водоводна мрежа на улица “Никола Теслса” до село Долно Којнаре по цела должина.

– Во село Романовце ќе изградиме фекална канализација со прочистителна станица.

– Планираме довршување на фекална канализација и асфалтирање на истите улици во село Лопате, како и довршување на фекална канализација во село
Режановце и село Горно Којнаре.

– Ќе изградиме улици и одржување на постоечките системи за водоснабдување во селата во поранешните Општини Клечовце и Орашац и подобрување на патната инфраструктура.

– Исто така, ќе го решиме проблемот со водоснабдување на село Пчиња и асфалтирање на главните напојни улици.

Во овој дел, следува и:

Loading...

– Пробивање и трасирање на патот од с. Пчиња до с. Вакв, с. Винце, Длга. – Изградба на патот од Агино село до село Брзак и пробивање на патот до с. Романовце.

– Изградба на главниот фекален колектор од Куманово до село Четирце – Табановце – Сопот.

– Изградба на фекален систем со мини прочистителни станици во селата Умин Дол, Ново село и Љубодраг.

– Нашиот план е асфалтирање на сите улици во централно градско подрачје и на територија на урбаниот дел на градот.

– Изградба на фекална канализација и улици во населбите Карпош, Ајдучка Чешма, Иго Тричковиќ.

– Ќе го ставиме во функција фекалниот систем во село Тромеѓа и ќе изградиме улици во селото.

– По големата победа ќе следува и асфалтирање на сите улици во централно градско подрачје и на територија на урбаниот дел на градот. Почитувани,

На 31-ви октомври е вториот круг од локалните избори.

Loading...

На тој ден, одберете го вистинскиот избор во кој најмногу верувате дека ќе придонесе за кумановци.

Како граѓанска иницијатива „За наше Куманово“ ќе работие неуморно за подобрување на општината, за похуман град, за развиени општини.

На 31-ви октомври дозволете ни да продолжиме со реализација на проектите кои Куманово ќе го направат подобро место за живеење.

На 31-ви октомври заокружете го бројот 80 и гласајте за независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски.

 

Loading...