Иванов го напушти состанокот со Димитров и Заев по само две минути

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска остварија средба со Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов на која го доставија договорот за решение за спорот којшто Република Грција го имаше со Република Македонија.

Премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров имаа конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекина и напушти состанокот и одби да разговара за придобивките од овој историски договор за македонската иднина, се вели во соопштението од Владата на Република Македонија.

Како што пренесуваат националните портали, средбата траела само две минути, по што владините возила со полициска придружба ја напуштиле вила Водно, откако претседателот Ѓорге Иванов го примил договорот и го напуштил состанокот.

Владата на Република Македонија ги повикува сите политички фактори да се обединат околу националните приоритети и да дадат поддршка за просперитетот на граѓаните и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ.

Leave a Reply