Ивана Ѓорѓиевска останува претседател на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Ивана Ѓорѓиевска од Движење ЗНАМ – За наша Македонија останува на чело на Советот на Општина Куманово и во следните четири години.

 

 

Мнозинството во Советот на Општина Куманово, предводено од ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ДПСМ денеска на конститутивната седница, со 19 гласови одлучи Ѓорѓиевска да раководи со претставничкото тело на локалната самоуправа.

 

 

Ѓорѓиевска е родена на 25 ноември 1973 година во Куманово, има дипломирано општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

 

 

Работи во ООУ „Кочо Рацин“ како билбиотекар, а за прв пат во политиката стапнува на локалните избори во 2021 година кога се кандидираше како носител на независната листа кандидат на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ на Максим Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЈП „Чистота и зеленило“ доби две нови транспортни возила (ВИДЕО)

 

 

– За мене како претседателка на Совет ќе биде приоритет јавните претпријатија да си ги ставиме на нозе за да можат да пружат квалитетна услуга до нашите сограѓани. Да се среди комуналниот ред, да се реши сообраќајниот хаос и хигиената на градот затоа што сите тоа го ветувавме како политички партии во локалните избори. Претстои период во којшто ќе донесуваме многу суштински одлуки за граѓаните на Општина Куманово. Јас како претседателка на Совет од изминатиот мандат веќе ги знам проблемите, овдека има советници од претходните состави на Совет, ги знаат локалните проблеми и од вас советници очекувам само конструктивна расправа и идеи предлози како да се решат проблемите на нашите сограѓани, рече Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЈП „Чистота и зеленило“ доби две нови транспортни возила (ВИДЕО)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски