Ивана Ѓорѓиевска избрана за претседател на Советот на Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ивана Ѓорѓиевска од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ од денеска па во следните четири години ќе ја извршува функцијата претседател на Советот на Општина Куманово откако денеска на конститутивната седница беше изгласана одлуката со мнозинство од членовите.

Loading...

Комисијата за мандатни прашања со четири гласа за и еден против ја предложи Ѓорѓиевска за нов претседател на Советот.

Ѓорѓиевска ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница, а Елена Доцевска Божиновска од коалицијата на оваа партија рече дека ќе ја поддржуваат се додека функцијата ја извршува чесно и транспарентно.

– Ивана Ѓорѓиевска ќе ја има целата наша поддршка додека функцијата ја извршува чесно и транспарентно, согласно законската регулатива, статутот и деловникот на Советот, додека има слух за унапредување на работата на советот како од аспект на неговото отворање и доближување кон сограѓаните, така и од аспект на донесување на одлуките. Ивана Ѓорѓиевска ќе ја има нашата поддршка додека посветено работи на отстранување на сите аномалии и воспоставени лоши пракси во минатото за да можеме како нов состав по четири години да застанеме најсовесно пред граѓаните и да кажеме дека сме ја оправдале довербата што ни ја дале, рече Доцевска – Божиновска.

 

 

Против предлогот Ивана Ѓорѓиевска да биде нов претседател на Советот беше коалицијата на СДСМ. Како што рече Атина Мургашанска од оваа партија, сметаат дека како добитници на најголем број гласови за советнички места тие треба да раководат со советот.

Loading...

– Сметаме дека како советничка листа и сега избрани советници кои освоија најмногу гласови на последните избори и се победничка советничка група сметаме дека го заслужуваме и да го опрвдаме легитимитетот и следјеќи ја опредлбата на гласачите дека ја додаоа поддршка на СДСМ дека и во тој дух требаше да оди конститутирање на советот, доколку сите застанаа на своите ставови и идеологии со кои настапија пред гласачите, тогаш ќе бше поразличен изборот, рече Мургашанска.

 

 

Како што рече таа, со оваа поддршка од ВМРО-ДПМНЕ не се следеле идеолошките опредлеби и барања за подобар живот на граѓаните туку личен интерес.

– Ќе биде забележано во историјата на локалното владеење дека за прв пат ќе биде избран претседател наводен социјалдемократ кој цело време во кампањата заедно со своите колеги наводни социјалдемократи ги доедоа во заблуда гласачите и граѓаните дека ги застапуваат интересите на социјалдемократијата, а сега се симнаа маските, рече таа.

Сепак, мнозинството во Советот предводено од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за албанците и Алтернатива донесе одлука Ивана Ѓоѓриевска да го предводи советот на најголемата општина.

Текст: Никола Ивановски / фото: Стефан Младеновски

Loading...