Итно приземјени 50 авиони на „Боинг“ за да се спречи трагедија

Сподели со своите пријатели

Околу 50 авиони ширум светот биле приземјени откако Боинг открил дека област во близина на крилјата на 737-НГ може да биде склона кон пукање, пренесува Би-Би-Си.

Loading...

Австралиската авиокомпанија „Кантас“ приземји еден од своите авиони „Боинг 737 НГ“, откако во еден дел од него откри „пукнатина“.

Превозникот соопшти дека неколку авиокомпании извршиле увид во нивните авиони 737-НГ, откако Боинг го открил проблемот, пренесува ББС, повикувајќи се на новинската агенција АФП.

Кантас тврди дека дури и кога би дошло до пукањето, тоа не ја загрозува веднаш безбедноста на авионите.

„Никогаш не би го користеле авионот, освен ако не биде целосно безбеден“, се вели во соопштението.

Боинг рече дека пукнатини се пронајдени во делот на авионот што помага да се обезбеди крилото.

Минатиот месец, американските регулатори наредија проверки на сите 737-NG авиони што направиле повеќе од 30,000 летови.

Кантас рече дека ниту еден авион од нивните 737-NG не полетал повеќе од 30.000 пати. Од таму додаваат дека авионот со пукнатина имал помалку од 27.000 летови.

Loading...

Проблемот доаѓа откако Боинг беше принуден да го приземји својот нов модел 737 Макс во март по две фатални несреќи.

Вкупно 346 луѓе загинаа во овие трагедии – во Индонезија минатиот октомври и во Етиопија во март

Во средата, извршниот директор на Боинг, Денис Мујзенбург пред судот изјави дека компанијата направила сериозни грешки во клучен безбедносен систем, познат како МЦАС.

Кантас објави дека до петок ќе изврши увид на 33 авиони во неговата флота.

Австралиското здружение на воздухопловни инженери, Авијациската алијанса го повика Кантас да ја приземји целата своја флота 737 НГ – повик што го отфрли авиокомпанијата како „свиркач “.

И американскиот превозник Southwest Airlines неодамна откри пукнатина во еден од нивните 737-NG авиони.

Leave a Reply