Итна евакуација на 300 луѓе од свингерска забава, двајца онесвестени

Сподели со своите пријатели

Свингерски клуб во Германија беше евакуиран откако протекол јаглерод моноксид и откако двајца гости се онесвестиле.

Loading...

Настанот се случил околу 21 часот во саботата навечер во градот Хатинген, сместен меѓу Дортмунд и Дизелдорф, а во моментот кога алармот се огласил, во клубот имало околу 300 свингери, сите од нив се пренесени на безбедна локација, соопшти пожарникарската служба.

Свингерите биле пренесени во здравствената станица во наметки, а од 300, 12 пријавиле дека се жалат на слабост и непријатност.

– Благодарение на мерките на претпазливост, сите гости беа спасени од клубот – се вели во соопштението на противпожарната служба.

Според извештаите на локалните медиуми, 300 до 350 лесно облечени гости го напуштиле клубот и се нашле на другата страна на улицата, како и четворица гости на клубот кои се жалеле дека стоеле на студ повеќе од еден час пред да пристигнат автобусите со кои се превезувале.

После увидот во зградата било откриено дека е испуштен јаглерод моноксид, а малку подоцна на гостите им било дозволено да ги земат своите работи.

„Тие се вратија за своите предмети, но забавата не продолжи“, рече портпаролот на противпожарната служба.

За клубот се вели дека е отворен за сите луѓе „кои се отворени и пријателски расположени“ да уживаат во пријатна атмосфера како парови или во групи.

Loading...

Во операцијата учествувале 160 работници на итните служби, а се вели дека е започната истрага за целиот настан.

Leave a Reply