Италијанските медиуми шпекулираат за можна оставка на папата Франциск

Сподели со своите пријатели

Италијанските медиуми шпекулираат дека папата Франциск би можел да поднесе оставка во текот на летото.

Loading...

Покрај здравствените проблеми, италијанскиот печат наведува дека има и други индиции за повлекување на папата од поглаварот на Римокатоличката црква во август.

Папата Франциск (85) има проблеми со десното колено што го боли и го отежнува движењето.

На публиката, поглаварот на Римокатоличката црква се појавува во инвалидска количка, и ја одбива операцијата поради страв од анестезија.

– Повеќе би сакал да се повлечам отколку да се оперирам на коленото – наводно рекол папата при приватна средба со италијанските бискупи, пишува денеска весникот „Ил Месаџеро“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Весникот посочува дека зборовите на папата предизвикале бура во Ватикан.

Инаку, папата Франциск лани во јули беше опериран од желудникот, под целосна анестезија, а тогаш се шпекулираше за негово повлекување.

Сепак, овој пат на шпекулации дополнително е поттикнат со закажувањето на конзисторијата за 27 август, на кој треба да се именуваат 21 нов кардинал, од кои 16 ќе имаат право да изберат папа.

Loading...

Со новите именувања, папата Франциск значително ќе го зголеми своето влијание, бидејќи од 132 кардинали, 83, односно речиси две третини, тој ги постави.

Експертите посочуваат дека е чудно што папата ја закажал конзисторијата во август, најтоплиот месец, а воедно и месецот на одмор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

– Невообичаено е папата во најтоплиот период да покани кардинали од целиот свет во Рим – коментираат италијанските медиуми.

Тие се изненадени и што папата Франциск ќе отпатува за Акила ден по конзсторијата, каде што ќе биде првиот папа што ќе учествува на „Perdonance Celestiniani“, фестивал на простување што го воведе папата Селестин V.

Селестин поднесе оставка како прв папа на новото време во 1294 година, по само пет месеци на функцијата.

На гробот на Селестин во 2009 година се молеше и претходникот на папата Франциско, Бенедикт Шеснаесетти, а тоа подоцна беше оценето како показател за неговата оставка.

Од друга страна, многу експерти во Ватикан ги отфрлаат шпекулациите за оставка на папата, посочувајќи дека тој планира во јули да отпатува во Канада, Демократска Република Конго и Јужен Судан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија