Италијански регион нуди 25.000 евра на доселеници, а ова е условот

Сподели со своите пријатели

Секој што ќе се насели во регионот Молис, во јужна Италија, ќе добива месечен додаток од 700 евра во следните три години. Сепак, постојат некои услови. Местото во кое луѓето се преселуваат мора да има помалку од 2.000 жители, а новодојденците мора да започнат бизнис.

Loading...

„Ако тие само понудија финансиска помош, тоа би изгледало како милост. Сакавме да направиме повеќе. Сакавме да инвестираме во луѓе. Тие можат да отворат бизнис – пекара, продавница, ресторан, што било. Ова е начин да вдахнеме живот во нашите места, а истовремено да се зголемува популацијата “, истакна Донато Тома, претседател на Молизе.

Тој исто така најави дека секој град со население помалку од 2.000 ќе добива 10,000 евра месечно за промовирање на културна содржина.

„Не станува збор само за зголемување на популацијата. На луѓето им треба инфраструктура и причина да останат, инаку сè ќе биде залудно, а за неколку години ќе бидеме таму каде што започнавме “, рече Томас.

Според бројките на италијанскиот Национален институт за статистика, Молизе има население од 305.000 и е меѓу регионите кои изгубиле најголемо население во последниве години, повеќе од 9,000 лица заминале од 2014 година.

Минатата година повеќе од 2.800 жители починале или се преселиле, скоро илјада повеќе од претходната година. Нема пријавено ново раѓање во девет од десет градови.

За прв пат по 90 години, бројот на италијански државјани кои живеат во Италија се намали на 55 милиони, според податоците на институтот.

Leave a Reply