Италијанец удрил во двегодишно дете пешак во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 17,40 часот во Куманово, во населбата Средорен Д.С.(26) од Италија управувајќи товарно моторно возило, комби „Волсваген“ удрил во две годишно дете од Куманово.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на детето му е укажана лекарска помош во болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди по што е препратена на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Leave a Reply