Истражување: Чудовиштето од Лох Нес најверојатно е огромна јагула

Сподели со своите пријатели

Холандскиот научник Нил Гемел објави дека по внимателно и долгогодишно истражување, тој дошол до заклучок дека чудовиштето од Лох Нес би можело да биде огромна јагула, пренесува BBC.

Loading...

Генетичарот Гемел од универзитетот Отаго во Данди ја анализирал и секвенцирал ДНК од 250 примероци вода собрани во длабочините на шкотското езеро.

Резултатите ги натерале Гемел и неговиот тим да ја отфрлат идејата за рептил што преживеал ја преживеал ерата на диносаорусите.

Чудовиштето Неси – за прв пат, наводно, видено во 6 век п.н.е. – не го преживеала видовите Плезиосаури, огромен воден влекач. Тоа не е ниту џиновска риба, есетра, ниту ајкула од Гренланд.

„Откривме значителна количина на ДНК на јагула“ што изобилува во студените длабоки води на Лох Нес, рече Гемел.

„Затоа, не можеме да ја отфрлиме можноста дека станува збор за огромна јагула во Лох Нес“, рече генетичарот, истакнувајќи сепак дека собраните податоци не кажуваат ништо за големината.

„Потребни се повеќе истражувања за да се потврди или отфрли тезата, но според наше знаење, хипотезата за огромна јагула е веродостојна“, заклучил Гемел, кој додава дека оваа теорија веќе била спомената во 1933 година.

Иако тајната сè уште не е целосно и конечно решена, професорот од Нов Зеланд е задоволен што е основана одлична база на податоци за она што може да се најде во тоа легендарно езеро, голема шкотска туристичка атракција.

Loading...

Leave a Reply