ИСТРАЖУВАЊЕ: Ако богаташ има срцев удар Брзата помош пристигнува побрзо

Сподели со своите пријатели

Ако богаташ има срцев удар, Итната помош доаѓа побрзо, покажува истражување на Универзитетот во Сан Франциско.

Loading...

Долгото чекање на Итната помош во руралните краеви е голем проблем во САД, но и во други земји.

Студијата спроведена минатата година покажува дека пациентите кои живеат надвор од поголемите градови на таквата помош чекаат двојно подолго.

Но, новата студија покажува уште еден голем проблем – богатството, однсоно сиромаштвото, исклучително влијаат на брзината на доаѓањето на Итната помош.

Научниците ја испитувале брзината на реагирање на вработените во Итната помош во 63.000 случаи по повик за срцев удар.

Особено го мереле времето кое му било потребно на возилото на Итната помош да пристигне до локацијата на пациентот, потоа време од доаѓање до одење од локацијата, време кое изминало од моментот во напуштањето на локацијата до болницата и вкупното време потребно за делување на Итната помош. Резултатите биле запрепастувачки.

Имено, на диспечерите им требале четири минути повеќе за реагирање на повикот од сиромашните квартови во однос на побогатите, а вкупно на Итната помош и биле потребни десет отсто повеќе време за одење на терен во случај на повик за срцев удар во сиромашните места, пренесуваат американските медиуми.

– Како општество веруваме и се надеваме дека јавните служби, како Итната помош, треба да бидат еднакво достапни за сите, но нашите резултати покажуваат дека не е така, дури ниту во потенцијално фатални случаи како ифаркт, предупредуваат истражувачите.

Loading...

Leave a Reply