Истражувањата откриваат: Три намирници кои ги консумираат најздравите луѓе за појадок

Сподели со своите пријатели

Луѓето кои се обидуваат да изгубат тежина или да одржат здрава тежина, јадат храна со ограничена количина на храна. Ваквата диета тешко се одржува на долг рок, поради што со текот на времето повторно се дебелеат.

Loading...

Од друга страна, луѓето кои одржуваат здрава тежина без да се откажуваат се неисцрпен извор на информации за експертите. Експерти од Финска четири месеци ги проучувале навиките во исхраната на 147 здрави луѓе со здрава тежина.

Истражувачите предводени од д-р Ана-Лена Вуоринен откриле дека здравите луѓе обично јадат три вида храна за појадок.

 

 

Овошјето било најпопуларен избор за 51 отсто од испитаниците, млечни производи јаделе 41 отсто, додека конзумирање на овесна каша или мусли со ладно млеко избрале 33 отсто од луѓето.

Иако лебот и пекарските производи се сметаат за извор на непотребни калории, дури 32 отсто од испитаниците го започнуваат денот со овој вид на храна.

Loading...

Најинтересно од сè, само 26 отсто од испитаниците признале дека пиеле кафе со појадок, додека останатите (74 отсто) одат на работа и ги извршуваат своите обврски без помош со кофеин.

„Наместо ограничување на исхраната и избегнување на омилената храна, прекумерната тежина или дебелеењето може да се спречи ако поединецот научи да ги слуша потребите на своето тело и дава приоритет на квалитетот и квантитетот на оброците“, објасни Ана-Лина Вуоринен.