Историјата на турското кафе

Сподели со своите пријатели

Многу луѓе на планетата не можат да го замислат денот, а да не испијат црно кафе. Се знае дека поголемиот дел од луѓето кога ќе седнат во кафуле првин нарачуваат еспресо. Сепак, додека поголемиот дел од луѓето на Западот уживаат во филтер и еспресо кафето, се смета дека вистинските љубители на овој најпродаван пијалак се оние кои пијат т.н. турско кафе.

Името го добило затоа што Османлиското царство го запознало светот со овој црн нектар. Истанбул го открил кафето за време на владеењето на Сулејман Величенствениот. Нему му бил донесен нов пијалак, кој подоцна станува симбол за цела Турција. Зад ѕидовите на платата е откриен нов начин на правење на кафето кој е присутен и денес.

Го пиете секојдневно, но дали знаете кое животно го открило кафето? (ВИДЕО)

Loading...

Зрната се пржени на огин, потоа мелени, па варени со вода. Кафето станува витален дел од кујната во палатата, а дворјаните со текот на времето трендот на пиењето кафе од палатата го пренеле и на улиците на Истанбул.

Кафето станува дел од турската култура. Луѓето се собирале во кафетерии во текот на денот и читале книги, играле табла или шах и зборувале. Благодарение на трговците кои минувале низ овој град на Босфорот, набргу се прошироло и во Европа, а потоа го покорило и целиот свет.

Но, не секое турско кафе е исто. Не само што се разликуваат видовите зрна туку вкусот зависи и од начинот на подготовката.

На Балканот е карактеристично луѓето овој ритуал да го започнуваат така што во ѓезве ќе додадат вода, ќе стават да се вари, а потоа ја тргаат од огин кога ќе зоврие. Благодарение на кафето со неоклку лажици од овој фин црн прав, се мешаат па се враќа ѓезвето на рингла. Кога еликсирот повотрно ќе зоврие се сипува во шолја.

Како се произведува инстант кафето? (видео)

Во Истанбул турското кафе не може да се послужува, а да не е топло. Со неа на таца под рака оди и локум. Подготовката на кафето во овој дел од светот се разликува, но луѓето првин во мала шолја измерат колку им е потребна вода. Со неа полнат бакарно ѓезве и веднаш го мешаат кафето додека убаво не се размати. Потоа го ставаат на среден огин и полека варат. Кога кафето ќе почне да создава пена и врие, ѓезвето се трга и полека со лажичка се отстрануваат меурчињата кои потоа се сипуваат во шолја, и потоа повеќе не се меша.

Ѓезвето се враќа на огин, а напитокот уште еднаш се врие. Нивното кафе е многу јако, па се пие само во шолји познати како филџани.

Другиот начин на подготовка на традиционалното турско кафе е онаа во Босна и кое има поинаква рецептура.

Посакуватана количина кафе првин се става во празно ѓезве. Кога правот ќе го прекрие дното, садот се загрева. Мирисот ја исполнува просторијата, а смесата се жари. Кога кафето ќе се „запржи“ преку него се додава топла вода и се остава уште еднаш да зоврие, а потоа се сипува во филџан.

Leave a Reply