Исповед на возачот на бугарскиот автобус кој се преврте кај Ранковце

Сподели со своите пријатели

Камион што доаѓал од спротивната лента бил причина за сообраќајната несреќа, во која се преврте бугарскиот автобус полн со наставници, пред четири дена во близина на Ранковце. Љубомир Лазаров во управувал автобусот, кој бил во сопственст  на фирмата Мегатранс од Бугарија.

Тоа е тесен пат. Забележав камон како доаѓа директно од мојата страна. Имав чувство дека се разминувам со него на растојание од една педа. Инстиктивно свртев десно. Во тој момент задната страна на автобусот пропадна во ендек. Се обидов повторно да го вратам на лентата но автобусот отиде надолу, раскажува Лазаров.

Патниците раскажуваат како автобусот се превртел на околу 30 километри од границата.

Патувајќи кон Софија имавме проблем со првиот автобус, по што дојде втор и го продолживме патот. Пред границата автобусот излета од патот и слета во долината, но за среќа, едно дрво не спаси- изјавил еден од наставниците.

Сопственикот на транспортната фирма тврдел дека автобусот бил исправен, а возачот одмарал 48 часа пред патувањето кон Македонија.