Исланд постави споменик на истопениот глечер

Сподели со своите пријатели

Исланд свечено постави споменик на својот прв исчезнат глечер, жртва на глобалното затоплување.

Loading...

Окјокул, првиот целосно истопен глечер на тој остров, симбол е на предупредување од научниците за последиците од климатските промени.

Швајцарските глечери се топат побрзо од било кога

Плочата на која со златни букви на исландски и англиски јазик е напишано: „Писмо за иднината“, а научниците истржаувачи се надеваат дека ќе го истакнат значењето на опасноста од недостатокот на глечерите и последицата на климатските промени.

Според истражувачите, Исланд секоја година губи по 11 милијарди тони мраз.

Глечер се урна, туристите панично бегаа (ВИДЕО)

Научниците се загрижени поради очекуваното исчезнување на 400 глечери на тој субарктички остров во рок од 200 години.

Скоро половина од светските глечери би можеле да исчезнат до 2100 година доколку се продолжи емисијат ана загадувачки гасови кои предизвикуваат затоплување во атмосферата, заклучува Меѓународнат аунија за заштита на природата.

Loading...

Leave a Reply