ИСЛАМСКИ ЕКСТРЕМИСТ УБИЛ ПОЛИЦИЈАНЦ ПРЕД КАПИТОЛ: Објавени се фотографии! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Официр од Капитолската полиција во Вашингтон е убиен, додека неговиот колега е тешко повреден.

Loading...

Во текот на вечерта било откриено дека напаѓачот е 25-годишниот Ноа Грин од Вирџинија, кој исто така починал, а сега имаме нови детали.

Според „Дејли меил“, тој започнал да гази полицајци во автомобил „Нисан“, а потоа ги нападнал со нож, а „Ен-Би-Си“ објавил дека е симпатизер на движењето „Нација на исламот“, што сè уште не е официјално потврдено.

 

 

Лидер на таа група е Луис Фарахан.

NBC News објави дека осомничениот бил придружник на групата „Исламска нација“, но полицијата сè уште не ја потврдила таа информација.

Loading...

Според „Њујорк пост“, осомничениот напаѓач е Ноа Грин (25) од Вирџинија, а тој на Фејсбук се опишал како „придружник на Фарахан“, водачот на групата „Исламска нација“, Луис Фарахан.

Во текстот на весникот се додава дека Грин, судејќи според напишаното на Фејсбук, поминал низ тежок период пред да му биде прекината сметката.

“Бев на вистинскиот пат и сè што планирав се остваруваше. Ми требаа многу часови, многу студии и вежби за да се одржувам во рамнотежа додека доживувам низа загрижувачки симптоми на патот”, напишал Грин на 17 март.

 

 

Тој додаде дека неговиот „пат“ бил спречен.

“Алах ме избра за други работи. Во текот на мојот живот, поставував цели, остварував, ја кревав скалата, а потоа бев принуден да го жртвувам сето тоа”, додаде Грин.

Loading...

Во нападот бил убиен полицаецот Вилијам Били Еванс, а друг полицаец бил ранет и пренесен во болница.

На првото обраќање до јавноста по инцидентот, полицијата објави дека не станува збор за терористички напад, но дека ќе спроведе и дополнителна истрага.

 

 

Убиениот полицаец се викал Били Еванс.

Членови на оваа група биле, меѓу другите, Малкомм Екс и Мухамед Али. Малком го напуштил движењето во 1965 година и се верува дека бил убиен од неговите членови.

Leave a Reply