Исламистички милитанти киднапираа 50 жени во Буркина Фасо

Сподели со своите пријатели

Исламски милитанти киднапираа околу 50 жени во северната провинција Соум во Буркина Фасо на 12 и 13 јануари, соопшти локалната власт.

Loading...

Вооружени мажи ги киднапирале жените додека береле диви плодови во близина на селото Лики, околу 15 километри од градот Арибинда, и во друга област западно од градот.

„Потрагата започна со цел безбедно да се пронајдат сите овие невини жртви“, се вели во владиното соопштение.

Буркина Фасо се бори со насилен бунт поврзан со исламистичките мрежи Ал Каеда и Исламска држава што се прошири од соседно Мали во 2015 година и покрај скапите меѓународни воени напори да го задушат.

Илјадници се убиени, а повеќе од 2,7 милиони луѓе се раселени низ Сахел, каде што несигурноста влијаеше на земјоделството и придонесе за зголемување на стапките на глад, според Обединетите нации.