Искината е заштитната жица на ТЦ Табановце

Сподели со своите пријатели

Искината е заштитната жица во должина од два метри на ТЦ Табановце, јавува Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на извештајот на Министерството за труд и социјална политика.

Во забелешките на МТСП, стои наведено дека во текот на вчерашниот ден, на ТЦ Табановце, користено е и возило на министерството за транспорт на бегалец, додека во еден од шаторите бил пријавен и чад од разводна кутија, а поради пад на електрична склопка. Како што стои наведено, МТСП во забелешките бара и поставување на продолжен кабел во тоалетите за да се постави греење со тајфуни.

РЦУК во дневниот извештај од ТЦ Табановце информира дека во текот на вчерашниот ден е извршена и дезинфекција на простор од 2500 метри квадратни.