ИСИС ја презеде одговорноста за крвавиот терористички напад во Париз (видео)

Сподели со своите пријатели

Исламската држава ја презеде одговорноста за пукањето во Париз во кој е убиен еден полицаец, а тешко повредени уште двајца, објави агенцијата Амак блиска до џихадистите.

Починителот на нападот на Јелисејските полиња во центарот на Париз е Абу Јусеф, Белгиец и тој е еден од борците на Исламската држава – се наведува во соопштението.

 

Loading...

 

Француските претседателски кандидати, кои учествувале во телевизиска дебата за време кога се случил нападот на полициските службеници во Прази изразија солидарност со силите на редот по пукањето во кој еден полицаец загина, а други двајца се здобија со повреди.

Полицијата верува дека во пукањето учестувале најмалку двајца напаѓачи, а дека лицето кое отворило оган врз полицијата е убиено, јавува Ројтерс. Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат зоната, а на лице место беа излезени скоро сите специјални сили на француската полиција.

 

https://youtu.be/TvfQM2msTAg

 

На интернет се појави и фотографија од човекот кого полицијата го бара за овој напад. Странските медиуми објавија дека двајцата напаѓачи со автомобил застанале во близина на полицијата и отвориле оган врз нив.