Исчистен споменикот на Тито во Куманово, кој беше вандлизиран вчеравечер (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Екипите на јавните претпријатија од градот, по наложба на Општина Куманово утринава веднаш го исчистија споменикот на Јосип Броз Титот кој вчеравечер беше вандализиран.

 

Loading...

 

Споменикот на некогашниот претседател на СФРЈ, вчеравечер беше вандализиран од непознати сторители при што на него со спреј беше исцртан кукастиот крст, а на плочниците испишани навредливи пораки.

 

Се надеваме дека и полицијата ќе биде брза во пронаоѓањето на сторителите кои во последно време уништуваат јавен имот во Општина Куманово.

Leave a Reply