Исчезна 76-годишна кумановка

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и шестгодишна кумановка со иницијали Б.И. е пријавена за исчезната од страна на нејзиниот син, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

– На 13.10.2021 во СВР Куманово, Г.И.(54) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечила неговата мајка Б.И.(76), стои во соопштението на кумановската полиција.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Никола Ивановски