Исчезна 33-годишна кумановка од Ново Село

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден околу 19:35 во Секторот за внатрешни работи било пријавено дека исчезнала 33-годишната С.С. од кумановското Ново Село, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавата ја поднела нејзината сестра 36-годишниата Б.Д. од селото Романовце, кој изјавил дека во непознат правец од дома неговата сестра се одалечила вчера околу 16 часот.

Полицијата презема мерки за нејзино пронаоѓање.