Исалнд и Данска ги ублажуваат рестрикциите против коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Исланд во вторникот објави дека постепено ќе ги олесни мерките против коронавирусот од 4 мај со отворање на средни училишта и универзитети, додека Данска има намера да го стори тоа порано.

Loading...

Затворени скоро еден месец, средните училишта и универзитетите во Исланд ќе можат повторно да започнат со часови на почетокот на мај, а ќе се отворат и фризерските салони и музеи.

Трамп го стопираше финансирањето на Светската здравствена организација

Иако ограничувања на собирите ќе продолжат да бидат на сила, ќе се зголемат од 20 на 50 лица.

Од друга страна, базените, спортски сали, кина, барови и ресторани ќе останат затворени.

Санитарните власти минатата недела објавија дека Исланд го достигнала врвот на епидемијата и бројот на новозаболени опаѓа четири дена по ред.

Исланд има население малку под 365.000, од ​​кои 1.720 биле потврдени со инфекција со коронавирус, а осуммина умреле.

Три места на кои би биле сигурни од коронавирусот, само ако би ве пуштиле внатре (ВИДЕО)

Loading...

На прес-конференцијата премиерот Катрин Јакобсдотир ја истакна важноста за одржување на мерките воведени на 16 март во следните три недели.

„Да се ​​прекине сè сега би било да се откажеме од планинрењето пред последниот успон“, опиша Јаковбсотир.

Сепак, Данска сака да ги олесни мерките порано од предвиденото, бидејќи бројот на хоспитализирани пациенти со коронавирус опаѓа, рече во вторникот премиерот Мет Фредериксен.

Како Нов Зеланд го победи коронавирусот?

„Бројот на хоспитализации не се зголеми, туку опадна. И бројот на лица кои се на интензивна нега исто така паѓа“, рече Фредериксен на прес-конференција, но не ги разјасни деталите за предлогот на владата.

Предлогот ќе се расправа во текот на целиот ден со другите парламентарни партии, додаде таа.

Leave a Reply