Иранци планирале терористички напади во Албанија

Сподели со своите пријатели

Албанската полиција соопшти дека открила иранска паравоена мрежа, која, наводно, планира напади во Албанија.

Loading...

Нападот бил планиран врз протерани членови на иранската група Муџахедин-e-Калк, која се обидува да ја собори владата во Техеран.

Началникот на полицијата Арди Велиу тврди дека крилото на Иранската револуционерна гарда, кое работи во странство, наводно управувало со „активна терористичка ќелија“, насочена од членови на групата Муџахедин-е-Калк во Албанија.

Велиу не изјави дали некој е уапсен во оваа прилика, забележува АП.

Делувањето на Муџахедин-е-Калк беше забрането во Иран, а групата беше ставена на листата терористичките организации на Стејт департментот во 2012 година.

Велиу исто така рече дека, наводно, бил спречен уште еден напад во март годинава, кој планирале да го извршат агентите на иранската влада во Албанија.

Минатата година Албанија го избрка иранскиот амбасадор од земјата за наводно нелегални активности што ја загрозуваат безбедноста на Албанија.

Leave a Reply