Иран: Имаме докази дека Западот е вмешан во протестите

Сподели со своите пријатели

Иран тврди дека има докази дека западните земји биле вклучени во протестите што ја зафатија земјата.

Loading...

„Имаме конкретни информации кои докажуваат дека САД, западните земји и некои американски сојузници имале улога во протестите“, изјави портпаролот на министерството Насер Канани, пренесе Ројтерс.

Властите ги обвинија „странските непријатели“ и нивните агенти за организирање на немирите.

Агенцијата за човекови права ХРАНА соопшти дека од почетокот на немирите се убиени 450 демонстранти, меѓу кои 63 деца.

Исто така, како што додава агенцијата, убиени се 60 припадници на безбедносните сили, а уапсени се 18.173 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија