Ирак: Излезност на изборите 13 отсто

Сподели со своите пријатели

Излезноста на парламентарните избори во Ирак, што се одржаа на 10 октомври, достигна 43 проценти.

Loading...

Ова денеска го објави Изборната комисија, што е мал пораст во споредба со првите прелиминарни резултати, но помалку отколку на изборите во 2018 година.

На изборите гласаа повеќе од 9,6 милиони луѓе, објави комисијата, пренесуваат агенциите.

Претходно оваа недела, според прелиминарните резултати, комисијата објави излезност од 41 процент. На претходните избори во 2018 година, вкупната излезност беше 44,5 проценти.

Популистичкиот шиитски свештеник Моктада ал Садр рече дека неговото движење обезбедило најголем број места во парламентот, додавајќи дека нема да ги оспори резултатите.

„Ќесе обидеме да формираме несектарска и неетничка национална коалиција под чадорот на реформите“, рече Ал Садр, кој се противи на какво било странско мешање и чии главни ривали шиитската група е поврзана со Иран.

Премиерот Мустафа ал-Кадими не се кандидираше за реизбор, но преговорите по гласањето може да го доведат до втор мандат. Кадими, кого Западот го гледа пријателски, нема партија да го поддржи.

Според изборната комисија, најмалку 167 партии и повеќе од 3.200 кандидати се борат за 329 места во парламентот.

Loading...