Интервенции на водоводна и канализациска мрежа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Поради интервенции во водоводната и канализациската мрежа, неколку улици во Куманово денеска одреден период ќе бидат без вода.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, поради дефекти во водоводната мрежа без вода ќе бидат: дел од булеварот „Октомвриска револуција“ (Табакана), улицата „302“ во населбата Ајдучка чешма и улицата „Брако Радичевиќ“.

Интервенции на канализациската мрежа ќе има на улиците: „Доне Божинов“, „11ти Октомври“ и булеварот „Октомвриска револуција“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на нормализирање на водоснабдувањето.

Никола Ивановски

Leave a Reply