Интернет зад интернетот: За 5.000 долари можете да нарачате убиство, детска порнографија….

Сподели со своите пријатели

Неофицијалната „темна страна“ на интернетот „Dark net“ е криминализирана тајна страница на која може да се нарачаат убиства, дасегледа најлошата порнографија, да се купат наркотици, оружје, лажни пасоши.

Како наведуваат социолозите се работи за место каде се судираат исконските природи на човекот – доброто и чисто зло.

Детска порнографија,мачење животни, експерименти над луѓе, дрога, продажба на органи, „снаф филмови“ (во кои актерот на крајот навистина бива убиен), слики од тероризам, но и политички дисиденти, нецензурирани информации.

Сето тоа се теми и содржини кои се наоѓаат длабоко во скриениот дел од интернетот наречен „Dark net“.

Корисниците на „Deep web“ откриваат: ИМААТ ПОЛНИ СКЛАДИШТА СО ЛУЃЕ

Loading...

Започнат е во 2004 година, а поради обемот на криминални дејствија, тајните служби, Интерпол и полицијата интензивно го проверуваат.

Експертите велат дека се работи за „паралелна мрежа“ или дури „интернет во самиот интернет“.

Тој нуди страници кои не се достапни з асите, а вклучува група компјутери меѓусебно поврзани за да направат заедничка мрежа.

Тука секој компјутер воедно е и сервер, а сите информации се кодирани дури и при пренос на податоци измеѓу компјутерите на „Dark net“, па корисниците не мораат да се плашат дека некој ќе ги дознае податоците кои ги делите.

Најпознатиот поим кој се однесува за „Dark net“ е онлјан продавницата наречена „Silk Road“.

Таа делува како скриена услуга на „Тор“(веб пребарувач кој за разлика од „Гугл“ ви нуди пристап до овој дел од интернетот) која онлајн корисниците анонимно може да ја пребаруваат без страв дека нивниот сообраќај на податоци ќе биде набљудуван.

Интернет – од бизарни игри до застрашувачки податоци

Затоа „Silk Road“ стана место за купување наркотици, како марихуана и кокаин, украдени уметнички дела, забранети книги, порнографија, компјутерска опрема и сето тоа се плаќа со виртуелната валута BitCoin.

Лажен пасош од некои од земјите на ЕУ чини 20 биктоина, а производот ќе биде испорача во земјата кој купувачот ќе ја избере.

Купувачите добиваат и криминални совет како да се снаоѓаат воподземјето, како оној дека кутија со лажно име на поставата во голема зграда во која никој нема да забележи дека се работи за непостоечки станар. На тој начин лесно ќе ја примат нарачената пратка.

Нарачувањето убиство на „Dark net“ исто така ја вознемирува полицијата.

Така пред неколку години полицијата го привела Рос Вилијам Олбрајт за кој верува дека е основачот на „Silk Road“. Тој е приведен под сомнение дека учествувал во трговија со дрога, перење пари, компјутерско хакирање, дека нарачал неколку неуспешни обиди за убиство за кои платил 730.000 долари.

Според сознанијата на полицијата, во подземејето на интернетот, на тајната мрежа „Dark net“, убиство на просечен граѓанин на ЕУ, шеф или љубовник на вашата жена чини 5 илјади евра, а се плаќа во BitCoin.

Полицијата трага по корисниците на „Dark net“, но тоа оди тешко затоа шо анализата на податоците на корисникот не е доволна.

Затоа се направени посебни полициски одделенија чии членови се користат со лажни идентитети, претставувајќи се како купувачи на дрога, оружје или детска порнографија за да пратките им откријат барем некоја трага.