Интернет – од бизарни игри до застрашувачки податоци

Сподели со своите пријатели

Неодамна некој на Reddit поставил сосема едноставно прашање: Која е најчудната работа која сте ја пронашле на интернет?

Loading...

Напознатиот корисник на Reddit сакал да ги поттикне луѓето да ги споделат чудните искуства кои ги имаат доживеано пристапувајќи на страницит епреку анонимните сервиси. Такви сервиси, како што е Тор, постојат со години, а на корисниците им овозможуваат да ја сокријат својата IP адреса како потешко би им се влегло во траг.

Тие овозможуваат пристап на страниците познати како Dark web (мрачни страни) или Deep web (длабок интернет). На такви страници може да им се пристапи исклучиво преку сервисот како Тор.

Silk Road е еден од примерите за мрачниот интернет. Иако таа страница сега е заворена, а нејзиниот основач во затвор, нејзиното место го завземаат други страници за црниот пазар на лекови и дроги.

Прегледот на највизарните работи кои можете да ги пронајдете додека пребарувате зад темната страна на интернетот ви ги претставува Бизнис Инсајдер, а ние ви ги пренесуваме.

Еден од корисниците на Reddit вели дека се вовлекол во игра на алтернативна реалност. Таа игра го наведувала до корисници кои и пристапувале преку Тор и пребарувале различни предмети. Корисникот зборува за истата и тврди дека навистина се навлекол на играње.

Заврши така што во сред ноќ, околу три часот, со такси се возев во Њујорк да се јавам на повик упатен во една телефонска говорница. Беше навистина предобро – вели корисникот.

Понекогаш може да се налета и на чудни форуми, а ова е пример за тоа.

Еднаш наидов на форум посветен на споделување видео снимки преку автоматски пораки за тоа која е следната станица на возот. Луѓето кои ги објавуваа снимките веројатно самите ги снимале и потоа расправаа за нив. Тоа ме прогонува и денес – вели друг корисник на Reddit.

Иако се тврди дека Тор го сокрива вашиот идентите онлајн, некои од корисниците се увериле дека тоа не е вистина. Така еден корисник напишал засташувачка приказна за користењето интернет пред да се појави Гугл. Ги следел онлјан трагите на страниците кои ги пронашол, а потоа открил и документ направен баш за него. Во пораката пишувало „Те гледаме“.

Loading...

Целата приказна започнува така што тој открил страница која изгледала како „случајни мисли на различни корисници“. Одлучил да оди понатаму, гледајќи го зиворот и собирајќи ги IP адресите на сите коментари, се обидел да сфати што е тоа што сите тие луѓе ги привлекло на таа страница. Потоа се случило нешто чудно.

Конечно открив сервер со огромна датотека од HTML фајлови и TIFF фотографии и помали субдатотеки со иста содржина. Nslookup не ги вратил записите на IP содржините. VisualRoute го следел до Колорадо. HTML документите изгледале како податотеки кои би ги запишувал психолог или некој друг кој се занимава со менталното здравје на луѓето. Фотографиите беа факсимили од воена или медицинска природа. Откако по прегледувањето на овие датотеки се вратив во главната датотека, на врвот се наоѓаше нов HTML документ со наслов html со време на креирање во самиот момент. Го отворив, а во него пишуваше „Те гледаме“. Само мали букви, а 15 секунди подоцна серверот се сруши – опишува корисникот.

Слична приказна има уште еден корисник.

Објавив коментар на видео, а кога се вратив подоцна на таа страница повторно да го погледнам видеото, некој имаше одговорено на мојот коментар и пишуваше: „Тоа е доста мудро за вас, господине (моето име и перзиме).“ Не одев на интернет недела дена, затоа што моето презиме е доста ретко. – опишува овој корисник.

На Dark web можете да пронајдете и некои чудни работи. Понекогаш тоа се сосема обични работи, но она што ги прави недопустливи е начинот на кој се продаваат. Пример за тоа е комплет за самостојна вазектомија кој се продавал на Сил Роад. Всушност станувало збор за комплет на прибро кој го користат стоматолозите, а се продавал за 20 долари.

Понекогаш ќе ви треба нешто специфично и ќе морате да го побарате на Dark web. Тогаш проблемот станува цената.

Пред неколку години барав рог од носорог, а еден тип ми понуди неколку. Бараше шестоцифрена парична сума. Секако дека се откажав. – вели корисник на Reddit.

Друг пак вели дека во 2013 година на Силк Роад купил нешто опишано како искуство кое ќе го освои. Два дена подоцна пристигнала рачна правосмукалка.

Понекогаш луѓето на вакви места продаваат и работи за кои никогаш и не сте знаеле дека постојат на интернет, па така некој Германец продавал дури и переци.