Интензивни врнежи од дожд, на планините снег

Сподели со своите пријатели

Претпладне во текот на денешниот дден времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во северните и западните делови, информираат од правата за хидрометеоролошки работи.

На највисоките планински врвови во северозападните делови ќе има и врнежи од снег. Локално вкупната количина на наврнат воден талог ќе биде над 20 л/м 2 . Попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат помеѓу 7 и 12 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 10 до 17 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно време со интензивни врнежи од дожд, за што зборува и фактот дека Меѓународната хидрометеоролошка станица има поставено жолто предупредување за врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 12 степени. Во кумановско врнежите кои започнаа вчера пред полноќ, ќе се задржат и денес во вечерните часови кога температурата на воздухот ќе се спушти на 8 степени целзиусови.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен југоисточен ветер, а локални врнежи од дожд повтроно се очекуваат во петок и во сабота. Од недела ќе преовладува стабилно и релативно топло време, велат од УХМР.

 

Loading...