Институт за војна: Пригожин ги надува бројките на украинските сили, еве зошто

Сподели со своите пријатели

Началникот на приватната армија Вагнер, Евгениј Пригожин ја ублажил својата реторика кон руското Министерство за одбрана „веројатно од страв дека би можел целосно да остане без неговите војници да се борат во Бахмут“, се вели во најновата анализа на Институтот за проучување на војната.

Loading...

Пред неколку дена Пригожин изрази загриженост за можна украинска контраофанзива во источна Украина.

Тој вели дека Украина има 200.000 резервисти кои се подготвуваат за напад долж линијата на источниот фронт.

Тој исто така тврди дека Украинците во моментов имаат 80.000 војници во Бахмут, Славјанск и Костијантинивка за да извршат контранапад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

ISW тврди дека пренадуваните изјави на Пригожин за непосредната опасност за руските сили се обид да се обезбеди повеќе залихи и засилување од руското Министерство за одбрана за да се спасат неговите сили во Бахмут.

„Пригожин беше страствен критичар на руското воено раководство, а омекнувањето на неговата реторика може да укаже на тоа дека тој можеби се обидува делумно да го смири руското Министерство за одбрана со цел да добие резерви или засилување за вагнерите во Бахмут“, објави ISW.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.