Институциите во Куманово разговараа за ослободување на сообраќајните јавни површини

Сподели со своите пријатели

Во рамки на превентивната кампања „Безбедно лето 2022“, Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово денеска  оддржа работен состанок во просториите  на Општина Куманово.

Loading...

На состанокот присуствуваа претставници од општината како и инспекциски служби на општината, Државен пазарен инспекторат, Агенција за храна и ветеринарство, Јавно претпријатие „Пазариште“ и Јавно претпријатие  „Паркинг“.

На средбата беше разговарано за меѓусебна соработка помеѓу институциите со цел ослободување на сообраќајни јавни површини – тротоари од диви продавачи на земјоделски и други производи, како и отстранување на  хаварисани и паркирани возила на улици и тротоари  кои се во  непосредна близина на зелен пазар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

На состанокот беа донесени  конкретни  мерки кои ќе се реализираат во наредниот период.